Градоначалникот на Лондон прогласи вонредна состојба во градoт кој се бори со сè поголем број случаи на коронавирус.
Областа на Лондон беше најпогодена од епидемијата на Ковид-19 во Велика Британија во зимскиот врв, пишува „Гардијан“.
Зборувајќи со премиерот Борис Џонсон на прес-конференцијата на Даунинг стрит во четвртокот, Симон Стивенс, извршен директор на Националниот здравствен систем на Англија, рече дека болниците во Лондон сега примаат 800 пациенти на ден, што е еквивалентно на целиот капацитет на болницата Сент Томас, една од главните здравствени установи во Англија.