Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

„Локдаун“ во уште еден град во Австралија

„Локдаун“ во уште еден град во Австралија
300x250 opst2

Милиони Австралијци се погодени од новото заклучување, пренесува Би -Би -Си.

Властите воведоа тридневно заклучување во југоисточниот дел на Квинсленд, вклучувајќи го и третиот по големина австралиски град, Бризбејн.

Официјални претставници на Квинсленд објавија дека се потврдени шест нови случаи на коронавирус, сите поврзани со средношколец чиј тест беше позитивен во четвртокот.

Ограничувањата се најстроги досега во Квинсленд. На луѓето им е дозволено да ги напуштат домовите само за да купат основни потреби или да вршат основни работи, да вежбаат или да одат на лекување.

Минатата недела беше воведен „локдаун“ во Сиднеј, кој ќе трае до крајот на август.

Околу илјада полицајци се распоредени во Сиднеј за да спречат протести против мерките за борба против пандемијата.

Протестите минатиот викенд резултираа со серија апсења и судири со полицијата.

Помалку од 15 проценти од Австралијците се целосно вакцинирани против коронавирус.

Можете да прочитате

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот