Утрински Весник
Спорт

Локатели го реши градското дерби – Минимална победа за Јуве против Торино

Локатели го реши градското дерби – Минимална победа за Јуве против Торино

Јувентус го победи Торино во градското дерби. Дербито го реши Мануел Локатели во финишот на натпреварот.

Торино, не успеа да го избегне поразот против фаворитот. Јувентус, без Паоло Дибала и Алваро Мората, успеа да победи.

Решавачкиот момент се случи во 86.минута, кога Локатели одлично реагираше на додавањето од Енрико Киеза. Локатели беше стрелец и во минатото коло.

Со втората победа во низа, Јувентус се искачи на осмото место со 11 бодови. Ист број на бодови, со натпревар помалку имаат Лацио и Аталанта.

> Локатели го реши градското дерби – Минимална победа за Јуве против Торино <

Можете да прочитате

Натпреварот Вардар – Башкими заврши со тензии

ПМФЛ: Вардар го пречекува Башкими, Струга му гостува на Пелистер

Турскиот Самсунспор славеше против Шкендија во Скопје