Утрински Весник
Македонија

Локалниот совет за превенција на општина Маврово и Ростуше со препораки за заштита од Ковид-19

Локалниот совет за превенција на општина Маврово и Ростуше со препораки за  заштита од Ковид-19
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ростуше,10 март 2020 (МИА) – Локалниот совет за превенција на општина Маврово и Ростуше на денешната попладневна седница, усвои неколку заклучоци и препораки за превентивна заштита од коронавирусот.

Тоа посебно поради појавата на заразени во соседните општини Дебар и Центар Жупа и се поголемот број граѓани по потекло од подрачјето на Река кои главно од Италија, се враќаат во родните места.

До жителите на опшината се апелира строго да ги почитуваат препораките од Владата и Министерство за здравство.

-Сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните земји, Италија, Германија и други држави, да останат во домашна изолација во период од 14 дена, и телефонски да ги известат своите матични лекари или Здравствениот дом во Ростуше, давајќи информации за нивната здравствена состојба, информираа од општината.

Агенциите кои превезуваат патници од високоризичните земји треба да достават листа на патници кои допатувале од ризичните подрачја во периодот по први март годинава и таа редовно да се ажурира.

На граѓаните од општината им се препорачува одржување на личната хигиена, да се воздржат од непотребни патувања надвор од местото на живеење, да избегнуваат посети кај роднини и пријатели, блиски контакти и ракување.вт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Безживотно женско тело најдено во езерцето во паркот во Струмица

СДСМ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Уапсен 24-годишник на блокадата кај Пластичарска нападнал полициски службеник