Утрински Весник
Македонија

Локализиран пожарот во Пинтија, нема жртви

Локализиран пожарот во Пинтија, нема жртви

Ставен е под контрола пожарот на далеководот, близу трафостаницата во Пинтија. Тој избил нешто по 17 часот, а пожарната експресно реагирала. Според градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој беше на увид, пожар имало и во Бунарџик, но нема потврда за ова. Тој кажа и дека нема жртви и дека се е под контрола.

„Штотуку беше локализиран голем пожар спроти трафостаницата кај индустриската зона. Пожарната вложи максимални напори да го санираат пожарот. Службите на МВР брзо интервенираа. Ќе бидеме тука, бидејќи дел од далеководите се надвор од функција, па да видиме да не избие повторно пожар на некоја позиција. Нема човечки жртви, се е под контрола“, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Инаку десетина скопски општини останаа без струја. Аеродром, Кисела Вода, Карпош 1,2,3,4, Мичурин, Автокоманда, се само дел од местата каде граѓаните немаат електрична енергија. Сега, ќе треба да се пуштат во функција исклучените далеководи, за да се види дали тие можат да функционираат по пожарот.

Можете да прочитате

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

Поставена мерна станица во Трубарево која ќе биде во функција 24 часа

Левица сподели фотографија од сообраќајката а Сашо Јанчев – „Нашиот пратеник не возел над дозволеното и не бил пијан“