Утрински Весник
Економија

Лозарите бараат најмалку 11 денари за килограм „смедеревка” и 13 денари за „вранец”

Лозарите бараат повисоки цени за грозјето 

Кавадарци, 24 јуни 2020 (МИА) – Минимум 11 денари за килограм „смедеревка” и 13 за „вранец”, плус дополнителни субвенции од државата, бара регионалното Здружение „Напредни лозари” од Кавадарци кое ги застапува лозаропроизводителите од Тиквешкиот регион.

-Овие цени се однесуваат на 17 единици шеќер „смедеревка” и 19 малигани кај „вранец”. Како расте шеќерноста, така да растат и цените. Според досегашните сознанија од терен, годинава имаме добар и квалитетен род. Короната нé спречи малку во активностите, но сепак работиме на утврдување на потребите од грозје кај винарските визби и други откупувачи, а ги разгледуваме и можностите за извоз на грозје, велат од Здружението за МИА.

За вечер е закажан состанок во мал состав за сите отворени прашањаоколу производството и пласманот на грозјето од годинашниот род. На состанокот ќе бидат испочитувани мерките за заштита од коронавирус. свд/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен