Утрински Весник
Македонија

Логото за 30-годишнината од независноста е сквернавење на знамето, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Логото за 30-годишнината од независноста е сквернавење на знамето, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ го осуди изборот на логото за одбележување 30 годишнината од независноста, коментирајќи дека тоа е сквернавење на државното знаме, а го доведува во прашање и општественото уредување и историскиот континуитет на македонската државност.

„Непостоењето на терминот „Република“ како одредница за општественото уредување и пренебрегнувањето на фактот дека на 8 Септември 1991 година, македонскиот народ гласаше за суверена и независна држава Република Македонија, го прави понуденото решение целосно неприфатливо“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата бара итно и неодложно повлекување и распишување на нов Конкурс со прецизни параметри кои треба да бидат испочитувани при изборот на ново лого.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ прави штета на македонскиот идентитет и државните симболи.

Можете да прочитате

На Клиниката за трауматологија презентиран најмодерен робот за операции на ‘рбет и мозок

СДСМ: Нов бран на економско тонење, животниот стандард срозен

Херојот Иван по 24-часовна борба со огнот е во стабилна состојба