Утрински Весник
Македонија

Ловџија тешко повреден од колега додека биле на лов

Ловџија тешко повреден од колега додека биле на лов

Вчера, во 14.35 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на местото наречено Голем Камен, во атарот на селото Матејче, општина Липково, додека биле на лов, А. В. (37) од с. Матејче, со ловечка пушка го повредил Л. С. (45) од Липково.

Тој добил тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Доаѓа снегот во Македонија: Пообилни врнежи во западните и во јужните предели

СДСМ Бараат оставка од Филипче – Монти Пајтон политиката на ВМРО

Не стигнало барање за одземање на имунитетот на судијата Ристов, вели Камбовски