Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ли Мејсон вечерва последен пат ќе суди во Премиер лигата

Ли Мејсон вечерва последен пат ќе суди во Премиер лигата
300x250 opst2

Долгогодишниот фудбалски судија од Англија, Ли Мејсон, ќе ја заврши кариерата по завршувањето на сезоната. Сепак, Мејсон нема целосно да се повлече од фудбалот, туку ќе стане првиот судија кој целосно ќе и се посвети на ВАР технологијата од сезоната 2021/2022.

Ли Мејсон 15 години е во Премиер лигата, како главен судија водел 287 натпревари во елитната англиска лига, а вкупно учествувал во повеќе од 500 натпревари.

Мејсон е во Премиер лигата од 2000 година, две години бил помошен судија. Кариерата како главен судија кариерата ја започнал во 2006 година.

Последниот меч, Мејсон, ќе го суди вечерва на „Олд Трафорд“, каде Манчестер јунајтед ќе го пречека Фулам.

> Ли Мејсон вечерва последен пат ќе суди во Премиер лигата <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН