Утрински Весник
Македонија

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

МВР до 24 март треба да утврди критериуми за издавање патни исправи

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните во Скопје дека во периодот до одржувањето на парламентарните избори ќе биде овозможено подигање на готовите лични документи (лична карта и пасош) и во текот на деновите од викендите.

– Во периодот до одржување на парламентарните избори на 15. 07. 2020, Министерството за внатрешни работи ќе овозможи, во седиштето на Одделението за управни работи Скопје (зградата на МТВ) и подрачната канцеларија „Беко“ подигање на личните документи покрај во редовното работно време (од 07:30-20:00 часот од понеделник до петок) и секоја сабота и недела (27 и 28 јуни и 4, 5, 11 и 12 јули) во периодот од 08:00 до 16:00 часот, соопштија денеска од МВР. цр/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош