Утрински Весник
Свет
Img 7972

Литванците во страв од нов конфликт: НАТО да ги зајакне своите трупи

Литванците во страв од нов конфликт: НАТО да ги зајакне своите трупи
Img 7972

НАТО треба да го зголеми распоредувањето на војниците во Литванија и другите области на источна Европа по руско-украинскиот конфликт, изјави литванскиот претседател Гитанас Науседа пред германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за време на денешниот состанок во Вилнус.

„Баталјонот на НАТО треба да се трансформира барем во бригада, а во исто време да се подобри воздушната одбрана“, изјави Науседа, пренесува Ројтерс.

Тој повика на засилување на единствениот копнен дел што е врска меѓу Балтикот и остатокот од ЕУ, а тоа е тесниот појас меѓу Белорусија и руската енклава Калининград, познат како коридор Сувалки.

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија