Утрински Весник
Свет

Литванскиот парламент ја прогласи Русија за терористичка држава

Литванскиот парламент денеска ја прогласи Русија за терористичка држава.

Литванскиот парламент едногласно усвои резолуција за тоа, а за неа гласаа 128 пратеници, пишува литванскиот портал Делфи.

Во резолуцијата се наведува дека руските вооружени сили и платеници извршиле масовни воени злосторства во Украина, особено во градовите Бороѓанка, Буча, Ирпин, Гостомељ и Мариупол.

Можете да прочитате

„Ако мојата ќерка забремени од силување, треба да го роди детето“ – скандалозен став на починатиот Чарли Кирк по однос на прашањето за абортус

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата