Утрински Весник
Свет

Литванија апелира до своите граѓани во Белорусија, поради опасност, да ја напуштат таа земја

Литванија апелира до своите граѓани во Белорусија, поради опасност, да ја напуштат таа земја

Министерството за надворешни работи на Литванија апелираше до своите граѓани во Белорусија да ја напуштат таа земја, пишуваат денеска медиумите во Литванија.

Според порталот „ЛРТ“, литванското Министерство смета дека сегашниот режим во Минск е опасен за животот на цивилите и тие препорачале да се прекинат сите патувања во Белорусија.

За потсетување, авионот на компанијата „Рајанер“ беше присилно пренасочен кон аеродромот во Минск, придружуван од воени авиони, а од авионот беше изнесен и Роман Проташевич, белоруски новинар и активист, за кого беше распишана потерница во Белорусија.

Компанијата „Рајанер“ објави дека авионот слетал во Вилнус во неделата, но претходно поминал неколку часа во Белорусија, каде и слетал, пренесува Ројтерс.

Претседателот на Литванија, тогаш побара од Белорусија веднаш да го ослободи Проташевич, кој инаку е еден од критичарите на претседателот Александар Лукашенко.

“Ги повикувам НАТО и нејзините сојузници во ЕУ да реагираат веднаш на заканата што ја претставува белорускиот режим за меѓународната цивилна авијација. Меѓународната заедница мора веднаш да реагира за да не се повтори вакво нешто”, рече литванскиот претседател.

ЕУ во моментов веќе има воведено санкции кои се однесуваат и на белорускиот претседател Лукашенко.

Осумдесет и осум лица, вклучувајќи го и Лукашенко се предмет на забрана за патување и замрзнување на имотот.

Можете да прочитате

Путин во Кремљ се сретна со словачкиот премиер Роберт Фицо

Зеленски: Членството на Украина во НАТО е остварливо

Катар се заканува дека ќе ја запре испораката на гас за Европската унија