Утрински Весник
Спорт

Липи: Зошто Италија не смее да го продолжи фудбалот? Јас сум болен од моменталната состојба

Липи: Сум ги видел Барези, Малдини и Канаваро, но никој не е како Де Лихт

Рим, 16 мај 2020 (МИА) – Поранешниот селектор на Италија, Марчело Липи го изрази незадоволството од сегашната состојба со обновата на Серија А. Претходно, италијанските клубови го отфрлија медицинскиот протокол предложен од Италијанската фудбалска федерација и владата.

– Јас сум болен од моменталната состојба, само ме вознемирува. Секој ден, само слушате дека сите сме заедно, но тогаш секој го прави она што го сака, и меѓу истражувачите и политичарите. Во 2020, испраќаме сонди до Марс, но не можеме да пронајдеме вакцина за коронавирус? Зошто не е дозволено продолжување на фудбалот во Италија? Сега сè не е исто како пред два месеци, кога не удри цунами. Сега вирусот не е толку силен, болниците сега можат да ги организираат своите активности, изјави Липи.

Има толку многу демагогија во фудбалот. Ова е огромна индустрија и треба да се третира на тој начин, додаде прославениот италијански тренер за тамошните медиуми. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина