Утрински Весник
Спорт

Лион: Францускиот фудбал оди во погрешна насока

Втор пораз за ПСЖ во Лига 1

Лион, 11 мај 2020 (МИА) – Фудбалскиот клуб Лион ја критикуваше одлуката за прекинување на сезоната во Лига 1.

– Олимпик Лион се уште смета дека францускиот фудбал оди во погрешна насока, се вели во соопштението на клубот.

Сезоната во Франција е прогласена за завршена поради пандемијата од коронавирусот и нема да има поголеми спортски настани во таа земја до септември.

Шампион е Пари Сен Жермен.

Лион инсистира на тоа дека е можно да се дозволи првенството да заврши во август, во, на пример, плеј-оф систем.

– Се разбира, под услов да се почитуваат инструкциите дадени од владата, изјавија од Лион.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига