Утрински Весник
Спорт

Лион го продава Шачири

Лион го продава Шачири

Олимпик Лион ќе се обиде да го продаде Џердан Шачири во зимскиот преоден рок. Швајцарецот, пред шест месеци пристигна во клубот од Ливерпул, во досегашниот тек од сезоната не ги исполни очекувањата.

Лион за Шачири платија 6.000.000 евра, очекуваа дека од фудбалерот, на кого му дадоа месечна плата од 350.000 евра, ќе добијат многу повеќе од еден гол и две асистенции на 13 одиграни натпревари.

Лион има финансиски проблеми, а позицијата на табелата му налага да се засили во зимскиот преоден рок. Прва цел е Сердар Азмун од Зенит. „Договорот на „иранскиот Меси“, истекува на крајот од сезоната и тој нема намера да го продолжи. Лион сакаат да ја искористат ситуацијата и за малку пари да го донесат Иранецот, во јануари.

Лион за Азмун биле подготвени да понудат 4.000.000 евра.

> Лион го продава Шачири <

Можете да прочитате

Македонското фудбалско првенство продолжува на 10. февруари

Ѓоковиќ: Ќе се вратам на АО, но дали ќе ме видите тука како активен играч, времето ќе покаже

Осогово и Вардар со хуманитарен натпревар за жртвите од трагедијата во Кочани