Утрински Весник
Спорт

Лингард сака да ја продолжи кариерата во Италија

Нови проблеми за Солскјер, Лингард се повреди против АЗ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Манчестер, 3 јуни 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард може да ја продолжи кариерата во италијански Интер, пренесува „Метро“.

Според изданието, 27-годишниот Англичанец контактирал со неговите поранешни соиграчи на Јунајтед – Ешли Јанг и Крис Смолинг за да ги праша за животот во Италија.

Претходно беше објавено дека „црвените ѓаволи“ се подготвени да го продадат Лингард за 20 милиони евра.

Оваа сезона играчот од средниот ред има 2 гола на 35 натпревари за англискиот тим на сите турнири.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја