Утрински Весник
Спорт

Лингард жртва на расистички навреди по натпреварот со Дeрби

Нови проблеми за Солскјер, Лингард се повреди против АЗ

Дерби, 6 март 2020 (МИА) – Манчестер јунајтед отвори истрага за расистички скандирања против фудбалерот на „црвените ѓаволи“, Џеси Лингард. По победата на Јунајтед со 3:0 над Дерби Каунти, еден навивач започна да го навредува Лингард додека тој се качуваш во тимскиот автобус. Според очевидци, поддржувачот, исто така, го навредил играчот на расистичка основа.

Видеото, кое е снимено, се слушаат и критики кон „бројот 14“ на „црвените ѓаволи“ за неговиот недостаток на голови и асистенции, а на самиот крај на видеото, навредите беа упатени до фудбалерот. Според „Скај спортс“, Манчестер Јунајтед не трошеле време и започнале итна истрага за случајот, а исто така ќе сакаат да разговараат со претставниците на Дерби, за да дознаат повеќе за нив. Полицијата во Дерби, исто така, е вклучена во истрагата.

Ова не е првпат тоа да се случи со играчите на Јунајтед. Во август, Пол Погба беше жртва на расистички скандирања, откако испушти пенал против Вуверхемптон, а во дербито на Манчестер Сити, Фред и Лингард беа повторно „мета“. Во вториот случај, менаџерот на тимот, Оле Гунар Солскјер рече: „Го видов видеото, Фред и Џеси беа навредувани и тој треба да се срами од самиот себе. Неприфатливо е и се надевам дека тој никогаш повеќе нема да може да гледа фудбал“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност