Утрински Весник
Спорт

Лина Ѓорческа ќе игра финале на турнирот во Чешка

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во финале на ВТА турнирот во Оломуц, Чешка. Таа во полуфиналната пресметка денеска ја победи Русинката Дарја Астахова со 6:2, 3:6, 6:3.

dobivaj vesti na viber

Ѓорческа за трофејот ќе се бори против чешката тенисерка Сара Бејлек, која во два сета ја победи Сада Нахимана од Бурунди со 6:3, 6:2.

Македонската тенисерка ги загуби првите два гема, но потоа направи серија од шест последовни гемови и славеше со 6:2. Имаше мал пад во вториот сет кој го загуби со 3:6, но затоа повторно блесна во решавачкиот трет сет.

Ѓорческа направи два брејка во серија и дојде до убедливи 5:1 во гемови, а потоа и го комплетираше мечот.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет