Утрински Весник
Магазин

Лили Џејмс тврди дека секс сцените во „Пем и Томи“ се важни за приказната

Лили Џејмс тврди дека секс сцените во „Пем и Томи“ се важни за приказната

Лили Џејмс инсистира дека сцените со див секс во „Пем и Томи“ биле суштински за приказната.

32-годишната актерка ја портретира Памела Андерсон во серијата на “Дизни плус“, а Себастијан Стен (39), го глуми нејзиниот поранешен сопруг, тапанарот на Motley Crue, Томи Ли.

Таа ги бранеше моментите во драмата означени со икс.

Весникот „Сан“ ја цитира Лили: „Навистина чувствувавме дека секс сцените треба да бидат дел од приказната и мораа да бидат од суштинско значење за сценариото, за напредокот на нивната врска, и поглед на она што се случило.“

Џејмс нагласи дека било големи актерски предизвик да ја портретира секс-бомбата од Baywatch, Памела.

„Таа беше славна Плејбој зајачица, голема ѕвезда и вистинска икона. Ова дефинитивно беше најголемиот актерски предизвик во мојот живот.“

Можете да прочитате

Овие знаци ќе привлечат пари во 2026 година

Колку често треба да имате секс за среќна врска? Експерт открива „златна средина“

Неврохирург открива на што родителите мора да внимаваат за здрав мозок кај децата