Утрински Весник
Магазин

Лили има Даунов синдром и штотуку доби главна улога во романтична комедија

Лили има Даунов синдром и штотуку доби главна улога во романтична комедија

„Холмарк“ снима романтична комедија во која глумат актери со Даунов синдром.

Како што пишува „ЕТ“, насловот на филмот е Color My World With Love („Обои го мојот свет со љубов“), а главните улоги ги толкуваат Лили Д. Мур, позната по улогата во хитот на „Нетфликс“ Never Have I Ever, и Дејвид Десанктис.

Лили ќе го глуми ликот на Кендал, надарена сликарка со Даунов синдром, која се вљубува во Бред (Десанктис). Заљубувањето го загрижува нејзиното семејство кое се плаши дека Кендал ќе заврши со скршено срце. Тука во приказната влегува Ник (го глуми Бенџамин Ејрес), пријател кој ќе помогне да ја убедат мајката дека нејзината 22-годишна ќерка е подготвена сама да ги носи своите животни одлуки.

„Сите сонуваат да се заљубат и да стапат во брак еден ден, дури и луѓето со посебни потреби. Се надевам дека гледачите ќе разберат дека „Обои го мојот свет со љубов“ е да ја насликаме нашата сопствена животна приказна и дека сите имаме бескрајни можности“, вели 18-годишната актерка Мур, за која ова е прва главна улога што некогаш ја има добиено.

„Холмарк“ сака да ја диверзифицира својата содржина со овој филм, кој ќе почне да се прикажува кон крајот на годината.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста