Утрински Весник
Спорт

Лилард ја доби пресметката со Вучевиќ, Мичел за Јута постигна 36 поени

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Изминатата ноќ, во НБА лигата, Мајами го победи Њујорк, Голден стејт славеа над Сан Антонио, Њу Орлеанс го декласира Хјустон, а Детроит славеа во дуелот со Бруклин. Јута ја продолжи серијата на победи против Бостон, а Портланд славеа над Орландо.

Демијан Лилард и Никола Вучевиќ блескаа на дуелот помеѓу Портланд и Орландо. Портланд славеа со 106:97, благодарение на Лилард кој постигна 36 поени. Вучевиќ на спротивната страна забележа 27 поени и 15 скокови.

Мајами на Флорида, втор пат во три дена, успеаја да забележа победа над Њујорк. Мајами, славеа минимална победа 98:96. Џими Батлер постигна 26 поени, на кои придодаде 9 скока и 10 асистенции, а уште тројца играчи постигнаа двоцифрен број на поени.

Стеф Кари, не дозволи Голден стејт Вориорс, втор пат во четири дена да бидат поразени од Сан Антонио. Кари постигна 32 поени во победата 114:91.

Јута гази се што е и застане на патот. Пред Џезерите паднаа и Бостон Слетикс. Донован Мичел уфрли 36 поени, а Џо Инглс 24 во триумфот над Селтикс 122:108. Јута ја забележа 16 победа на последните 17 натпревари. Џезерите со скор од 20 победи и пет порази ја предводат табелата во НБА лигата.

> Лилард ја доби пресметката со Вучевиќ, Мичел за Јута постигна 36 поени <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари