Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Лилард предложи НБА да организира нокаут турнир со 30 екипи

Лилард го откажа настапот на СП во Кина
Img 7972

Портланд, 1 април 2020 (МИА) – Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард, предложи своја опција за завршување на сезоната 2019/20, во која секој тим од лигата ќе има можност да се натпреварува за првенството.

Тој понуди да се организира турнир според Олимпискиот систем, во кој екипата ќе биде елиминирана од борбата за трофејот по првиот пораз. Според играчот, сите 30 тима во лигата треба да учествуваат на турнирот.

– Сега е вистинското време НБА лигата да биде супер креативна, изјави Лилард.

Играчот исто така призна дека не дава поддршка на идејата да го се стартот на следната сезона и дека повеќе би сакал да се скрати тековната сезона. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025