Американската поп sвезда Лизо предизвика дебата за позитивноста на телото откако објави видеа за тоа колку напредува во 10-дневната диета со смути и мали количини храна, позната како детокс смути.
Добитничката на „Греми“ претходно беше пофалена за својот позитивен став за телото, славејќи ги „големите девојки“ во песни како Juice.
А сега, во серија видеа на популарната апликација „Тикток“, таа ги опиша своите обиди за слабеење.
Многу фанови ги пофалија нејзините напори од здравствени причини, додека други ја критикуваа за охрабрување на „диетална култура“. Разговорот околу тежината на Лизо повторно беше отворен откако таа ги покажа своите нови резултати од диетата, велејќи дека тоа направило да се чувствува „неверојатно“.
По реакциите на фановите, позитивни и негативни, таа одговори со ново видео, објаснувајќи дека е горда на резултатите. „Секоја голема девојка, може да прави што сака со своето тело,“ вели таа.
„Диетата го подобри мојот сон, кожата и внатрешниот мир, како и менталната стабилност. Јас сум горда на моите резултати од детокс смути, бенефитот од него е огромен.“