Утрински Весник
Спорт

Лидс бараат објаснување за најлошата ВАР одлука во Премиер лигата

Лидс бараат објаснување за најлошата ВАР одлука во Премиер лигата

Лидс јунајтед официјаллно ќе побараат од Премиер лигата да се објасни одлуката на Мајк Дин и ВАР системот да се досуди офсајд по контроверзниот поништен гол на Патрик Бемфорд против Кристал палас.

Англискиот напаѓач беше во офсајд откако со рацете покажуваше на својот соиграч Матеуш Клих каде сака да му ја додаде топката, по што се оцени дека рамото му е во офсајд, и на крајот Лидс забугија со 4:1. Доколку тој го беше признат во првото полувреме ќе беше 1:1.

Одлуката предизвика бура на реакции на социјалните мрежи и Лидс сакаат објаснување, но и менување на правилото за офсајд.

> Лидс бараат објаснување за најлошата ВАР одлука во Премиер лигата <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина