Утрински Весник
Свет

Лидерот на Хутите го предупреди Иран да не престанува со збогатувањето ураниум

Лидерот на Хутите го предупреди Иран да не престанува со збогатувањето ураниум

Лидерот на јеменските бунтовници Хути, Мухамед Али Ал-Хути, го повика Иран да не го запира збогатувањето ураниум пред страните во нуклеарниот договор од 2015 година да се вратат на договорот.

„Ако Иран прифати да престане со збогатувањето ураниум пред другите страни да го спроведат договорот, тој ќе ја повтори грешката од претходниот договор кој не беше спроведен и покрај гаранциите, а преговорите подоцна ќе бидат поврзани со ракетната програма на Иран“, напиша Ал-Хути на Твитер.

„Основата на секој договор е практично спроведување, а не само дијалог и потпис, како што прават САД и нивните сојузници со нивните договори, вклучително и Стокхолмскиот договор, што одбија да го спроведат“, додаде тој.

Во 2018 година САД еднострано се повлекоа од нуклеарниот договор во 2015 година потпишан со Иран и повторно ги воведоа санкциите претходно укинати според договорот. Иран, откако чекаше повеќе од една година, одговори со продолжување на збогатувањетото ураниум.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот