Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Лидерот на најголемата банда во Хаити се закани со хаос во државата

Лидерот на најголемата банда во Хаити се закани со хаос во државата
Img 7972

Еден од водачите на најмоќната банда на Хаити најави дека неговиот народ ќе излезе на улица во знак на протест против атентатот врз претседателот Жовенел Моиз и се закани дека сиромашната карипска земја ќе ја вовлече подлабоко во хаос.

Џими Черижер, поранешен полицаец познат како Барбиеки (скара), кој е на чело на таканаречената федерација на девет банди Г9, остро ги критикуваше полицијата и опозициските политичари во земјата и ги обвини дека соработувале со „смрдливата буржоазија“ со цел да го жртвуваат Моиз.

„Тоа беше национален и меѓународен заговор против народот на Хаити“, рече тој за време на видео обраќање, пренесува „Ројтерс“.

Мартин Моиз, вдовицата на убиениот претседател Жовенел Моиз, ги обвини претходните непријатели во сенка дека го организирале неговиот атентат за да ги запрат демократските промени во земјата.

Моиз беше убиен рано наутро во средата во неговиот дом во Порт-о-Пренс.

Властите на Хаити соопштија дека атентатот го извршиле странски обучени атентатори, 26 Колумбијци и двајца Американци од хаитско потекло.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа