Утрински Весник
Свет

Лидерите на Франција, Германија и Италија се заканија со санкции поради оружјето во Либија

Лидерите на Франција, Германија и Италија се заканија со санкции поради оружјето во Либија

Лидерите на Франција, Германија и Италија се заканија дека ќе воведат санкции за земјите што продолжуваат да го кршат ембаргото на Обединетите нации за извоз на оружје во Либија.

„Ги повикуваме сите странски актери да го прекинат нивното се поголемо мешање и целосно да го почитуваат ембаргото на Советот за безбедност на ОН за извоз на оружје во Либија“, се вели во соопштението на Емануел Макрон, Ангела Меркел и Џузепе Конте.

Европските лидери се подготвени да прибегнат кон санкции доколку се продолжи со кршење на ембаргото на море, на копно или во воздух.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Секој втор граѓанин заболува од рак во Германија

Преговарачот на Кремљ се врати во САД

Трамп планира огромна триумфална порта во Вашингтон