Утрински Весник
Спорт

Лига 1 може да продолжи во средината на јуни

Лига 1 може да продолжи во средината на јуни

Париз, 23 март 2020 (МИА) – Претседателот на синдикатот на Лига 1, Бернардо Кајацо верува дека францускиот шампионат ќе продолжи не порано од 15 јуни.

– Неопходно е да се заврши првенството по секоја цена, дури и ако тоа значи негов крај во јули-август, а потоа да почне следната сезона. Сите клубови губат околу 250 милиони евра месечно и не можеме да играме сè додека не се промени ситуацијата. Тоа ќе биде јули или август, во најдобар случај на 15 јуни, прогнозира Кајацо.

Според него, без владина помош, шест професионални клубови ќе банкротираат во рок од шест месеци.

-Најдобрите пет лиги во Европа веќе загубија четири милијарди евра, а францускиот шампионат – 500-600 милиони, додаде Кајацо. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо

Вардар подобар од Алкалоид во дербито на ракометната Суперлига

Флорентино Перез: Винисиус ти си најдобриот играч во светот