Утрински Весник
Магазин

„Лига на правдата“ на Зак Снајдер ќе биде четиричасовен филм, а не серија

112насло

 

Новата проширена верзија на „Лига на правдата“ во режија на Зак Снајдер ќе биде игран филм, а не серија во четири епизоди како што претходно беше најавено.

Режисерот ги потврди своите планови за новата таканаречена „Снајдер кат“ верзија на ДС-филмот и откри дека ќе биде игран филм. Претходно беше објавено дека форматот на проектот на Снајдер ќе биде минисерија во 4 дела, секој дел во траење од 1 час.

Без оглед на форматот, ова е нешто што фановите со нетрпение го очекуваа уште од 2017 година по „Лига на правдата“ на Џос Ведон, коментираат медиумите.

Новиот филм на Снајдер треба да ја има својата премиера во март на „ХБО макс“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Како нередот во домот тивко влијае на стресот и расположението

Три хороскопски знаци што имаат природен талент за успех и пари

Шест навики што ја чуваат должината и ѝ помагаат на косата да расте здрава