Утрински Весник
Спорт

Лигата на шампионите се враќа во август, новата сезона ќе започне во октомври

ЕПФЛ: Од промените во ЛШ корист ќе имаат само најбогатите клубови
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Нион, 19 април 2020 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) планира да ја започне групната фаза во Лигата на шампионите за следната сезона не порано од 20 октомври, пренесува „Фудбал Италија“.

Според изворите на медиумот, годинашните натпревари во Лигата на шампионите ќе продолжат на почетокот на август, кога се очекува да завршат сите првенства. Потоа, во рок од две недели, ќе се игра четвртфиналето и полуфиналето, а екипите ќе играат на секои три дена.

Финалето е закажано за 29 август. Во моментов, целта е да се обнови Лигата на Европа на 2 и 3 август а финалето да се одигра на 27 август.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk