Ливерпул, 25 февруари 2020 (МИА) – Фудбалерите на Ливерпул синоќа стигнаа до 18. триумф во низа, откако на домашен терен беа поуспешни од Вест Хем со 3:2.
Гостите водеа до 68.минута, но на крајот остана со празни раце.
Головите за „црвените“ ги постигнаа Вијналдум, Салах и Мане, за Вест Хем погодија Диоп и Форналс.
Избраниците на Јирген Клоп се убедливо први во Англискиот шампионат со 26 победи на 27 натпревари. Единствен кој им откина бодови е Манчестер јунајтед (0:0 во октомври).
Предноста на Ливерпул (79 бода) пред второпласираниот Манчестер сити (57 бода) изнесува 22 бода. зс/