Утрински Весник
Спорт

Ливерпул, после пенали, го освои ФА купот на Англија

Ливерпул го освои пехарот во ФА купот на Англија откако славеше по подобро изведување пенали (6:5) против Челси на „Вембли“. Во регуларниот тек, а и по 120 минути, мечот заврши без голови, па беше потребно мајсторство при изведување на удари од белата точка.

Капитенот Цезар Аспиликуета не успеа да реализира пенал за Челси, погоди во стативата, но во петтата серија и Едуард Менди го одбрани ударот на Садио Мане. Седмата серија беше пресудна за Ливерпул да слави нов трофеј. Алисон Бекер го одбрани шутот на Мејсон Маунт, а Костас Цимикас реализираше за конечна победа.

Во текот на натпреварот, Јирген Клоп ги повлече од игра двајцата најдобри фудбалери, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк. За Египќанецот беше видливо дека се повреди, додека се уште не е јасна ситуацијата со холандскиот интернационалец.



> Ливерпул, после пенали, го освои ФА купот на Англија <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина