Утрински Весник
Спорт

Ливерпул испрати официјална понуда за Кулибали

Кулибали не ја отфрла можноста да остане во Наполи

Ливерпул, 22 јуни 2020 (МИА) – Европскиот шампион Ливерпул направи понуда од 60 милиони евра (54 милиони фунти) за централниот дефанзивец на Наполи, Калиду Кулибали, пренесува италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“.

Сепак, според извештајот, понудата ќе биде одбиена, бидејќи неаполитанците немаат намера да се откажат од цената што клубот ја постави за Кулибали – 100 милиони евра.

Интересно е што „црвените“ решија да не ја платат клаузулата на напаѓачот Тимо Вернер, која изнесуваше околу 60 милиони евра, бидејќи тие немаат намера да прават вакви големи трансфери во криза. Напаѓачот подоцна се пресели во Челси.

Сега, сепак, тимот од Мерсисајд е подготвен да го одврзат ќесето за дефанзивецот од Сенегал, за кој се заинтересирани и Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Челси.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ