Утрински Весник
Спорт

Ливерпул го победи Манчестер Сити и го освои „Комјунити Шилд“

Ливерпул е освојувач на „Комјунити Шилд“, откако го совлада големиот ривал Манчестер Сити со 3:1 во првата пресметка од новата сезона, на стадионот во Лестер. „Црвените“ беа за нијанса подобри, а можеби и помотивирани за триумф.

dobivaj vesti na viber

Трент Александер Арнолд беше стрелец на водечкиот погодок во 21.минута. Сепак, „граѓаните“ успеаја да израмнат преку новото засилување Хулијан Алварез во 70.минута.

Ливерпул повеќе ја посакуваше победата и стигна до ново водство со голот од пенал на Мохамед Салах во 83.минута, а Дарвин Нуњез стави точка на триумфот во судиското продолжение од мечот.



Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал