Утрински Весник
Свет
Img 7972

Либија се надева на помош од Русија во протерувањето на странските платеници

Либија се надева на помош од Русија во протерувањето на странските платеници
300x250 opst2

Триполи се надева дека Москва ќе ја зајакне својата веќе значајна улога во одржувањето на безбедноста во Либија и, меѓу другото, ќе обезбеди помош протерување на странските платеници од земјата, посочи Најла Мангуш, министерка за надворешни работи во либиската Влада на националното единство, по разговорите со рускииот колега Сергеј Лавров во Москва.

„ Русија игра забележлива, значајна и ефективна улога во одржувањето на безбедноста на либиската територија, но сепак се надеваме дека оваа улога ќе стане поопиплива. Особено би сакале да видиме понатамошни систематски напори на Русија за отстранување на странските милитанти и платеници од територијата на Либија, создавање полноправна либиска државност и имплементација на други економски проекти  насочени кон промовирање на реконструкцијата на земјата “, рече Мангуш.

Таа нагласи дека Русија е „тешкаш“ на меѓународната сцена и Либија се надева оти Москва ќе може да го искористи своето значително влијание за да го реши ова прашање во позитивна насока.

„Се надеваме дека оваа политика ќе биде продолжена и зајакната под мудрите упатства на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров“, рече либискиот министерка.

Мангуш изрази надеж дека Русија ќе ја поддржи неодамнешната иницијатива на Триполи за консултации за стабилизација на Либија.

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД