Утрински Весник
Магазин

Лиам Пејн се пресели во уште една опседната куќа

Лиам Пејн се пресели во уште една опседната куќа

Лиам Пејн повторно живее во проколната куќа, откако се исели од иста таква.

Поранешниот пејач на групата One Direction  беше убеден дека има дух во неговиот дом во западен Лондон, но се чини дека необичните појавувања го следат и во неговата нова куќа и тој се бори да спие.

Говорејќи на „Инстаграм лајф“, тој рече: Не спиев добро минатата ноќ.

„Се преселив во уште една опседната куќа. Таа е изградена во 1500-тите и е стара и страшна. Можеби ќе направиме некој вид истерување на духови во стилот на „Големиот брат“.

27-годишниот пејач раскажа за откаченото искуство што го имаше во мај, кога го разбуди силен шум додека престојуваше во неговата стара куќа.

„Лежев на кревет кога се запали светлото на гардероберот во мојата соба и вратата од шкафот се затвори со тресок. Тоа беше откачен момент, “ рече пејачот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста