Утрински Весник
Спорт

ЛЕ: Шкендија и Шкупи на гости во Азербејџан, Ренова патува во Ерменија

ЛЕ: Шкендија и Шкупи на гости во Азербејџан, Ренова патува во Ерменија

По одредената ждрепка за првото квалификациско коло на Лига Европа, македонските претставници добија три гостувања и тоа на Кавказот – Шкендија и Шкупи ќе играат во Азербејџан, додека Ренова ќе патува во Ерменија.

Шкендија ќе гостува кај азебејџанскиот Сумгаит, Шкупи ќе биде гостин на Нефчи, додека Ренова ќе патува во Ерменија на гости кај Алашкерт. Сите мечеви се играат на 27 август, а исто како во Лигата на шампионите се игра само по еден меч.

За потсетување, и Силекс, кој настапува во Лигата на шампионите ќе гостува на брегот на Каспиското Езеро, откако во првото коло игра со шампионот на Азербејџан, Карабаг.

> ЛЕ: Шкендија и Шкупи на гости во Азербејџан, Ренова патува во Ерменија <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука

Меси се изедначи со Пеле по бројот на голови од слободни удари

Арсенал го доби лондонското дерби и повторно му избега на Сити