Утрински Весник
Свет

Ле Пен: На ​​Украина треба јасно да и се каже дека не ги исполнува критериумите за членство во ЕУ

На Украина мора јасно да и се каже дека не ги исполнува условите за влез во ЕУ, изјави Марин Ле Пен, шефица на партијата на Националното собрание на Франција.

– Мислам дека на Киев мора јасно да му се каже дека не ги исполнува условите за да стане членка на ЕУ – рече Ле Пен.

Водачите на Франција, Германија и Италија денеска го посетија Киев за да разговараат за помошта за Украина и за шансите на земјата да се приклучи на ЕУ.

Европската комисија во петок ќе даде препорака за нејзината кандидатура за членство во блокот за Украина, Молдавија и Грузија.

Конечната одлука за доделување или отфрлање на кандидатскиот статус ќе ја донесат шефовите на држави и влади на ЕУ на самитот во Брисел на 23 и 24 јуни, имајќи ја предвид препораката на Европската комисија, потсетува РИА „Новости“.

Можете да прочитате

Швеѓанец ја принудувал сопругата на сексуални услуги со повеќе од 120 мажи

Во поплавите во Пакистан и Авганистан загинаа 45 лица

Иран: Секој агресор што ќе посегне по островот Харг ќе „оди во пеколот“