Утрински Весник
Спорт

ЛЕ: Милан со возбудлив камбек триумф, Звезда и Динамо ќе „презимат“ во Европа

ЛЕ: Милан со возбудлив камбек триумф, Звезда и Динамо ќе „презимат“ во Европа

Милан губеше со 0:2 по само 14 минути на „Сан Сиро“, но успеа да се врати за 4:2 победа над Селтик со која си осигураа пласман во нокаут-фазата од Лига Европа, каде што сигурно се пласирани и Динамо Загреб по импресивната 0:2 победа на гости кај Феенорд и Црвена звезда по 0:0 ремито со Хофенхајм дома.

Двете катастрофални грешки на одбраната и на голманот Џиџи Донарума придонесоа „росонерите“ да губат со 0:2 на самиот старт на мечот, но „росонерите“ одговорија со два гола во две минути преку Хакан Чалханоглу и Саму Кастилехо во првото полувреме, пред Јенс Хауге и Брахим Дијаз да ја обезбедат победата.

Со победата „росонерите“ се пласираа во нокаут-фазата, бидејќи Лил направи пресврт и со 2:1 ги победи Спарта Прага, каде што следно гостува гигантот од Милано.

Динамо Загреб со импресивни 2:0 победи на „Де Кујп“ во Ротердам за да осигура дека ќе заврши на првото место во групата К пред Волфсбергер, Феенорд и ЦСКА Москва. На Звезда пак и 0:0 и беше доволно да го осигура пласманот зад Хофенхајм во групата Л. Највозбудливо беше во Австрија, каде што ЛАСК Линц во 92. минута обезбеди 3:3 реми со Тотенхем.

ЛИГА ЕВРОПА, 5.КОЛО

ГРУПА Г

АЕК – Брага 2:4

Зорја Луханск – Лестер 1:0

Табела: 1.Лестер 10, 2.Брага 10, 3.Зорја 6, 4.АЕК 3

ГРУПА Х

Милан – Селтик 4:2

Лил – Спарта Прага 2:1

Табела: 1.Лил 11, 2.Милан 10, 3.Спарта 6, 4.Селтик 1

ГРУПА И

Карабаг – Макаби Тел Авив 1:1

Сиваспор – Вилјареал 0:1

Табела: 1.Вилјареал 13, 2.Макаби ТА 8, 3.Сиваспор 6, 4.Карабаг 1

ГРУПА Ј

Антверпен – Лудогорец 3:1

ЛАСК Линц – Тотенхем 3:3

Табела: 1.Антверпен 12, 2.Тотенхем 10, 3.ЛАСК 7, 4.Лудогорец 0

ГРУПА К

ЦСКА Москва – Волфсбергер 0:1

Феенорд – Динамо Загреб 0:2

Табела: 1.Динамо З 11, 2.Волфсбергер 7, 2.Феенорд 5, 4.ЦСКА М. 3

ГРУПА Л

Црвена звезда – Хофенхајм 0:0

Гент – Слован Либерец 1:2

Табела: 1.Хофенхајм 13, 2.Црвена звезда 10, 3.Либерец 6, 4.Гент
0

МИЛАН – СЕЛТИК

ЗОРЈА – ЛЕСТЕР


ЛАСК ЛИНЦ – ТОТЕНХЕМ

> ЛЕ: Милан со возбудлив камбек триумф, Звезда и Динамо ќе „презимат“ во Европа <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027