Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Лејкерс го „згазија“ Портланд, Оклахома израмнија против Хјустон

Лејкерс го „згазија“ Портланд, Оклахома израмнија против Хјустон
Img 7972

ЛА Лејкерс го декласираа Портланд со 135:115 и се на чекор до пласманот во полу-финалето на плејофот. Една победа од пласман во конференциското полу-финале ги дели и Милвоки Бакс, додека Оклахома Тандер го израмнија на 2-2 резултатот во серијата против Хјустон.

Лејкерси рано ги разрешија дилемите околу победникот во четвртиот меч од серијата со Протланд. „Езерџиите“ мечот го отворија со серија 15:0, а по првата четвртина имаа предност 43:25.

Проблем за Портланд е повредата на десното колено со која се здоби Демијан Лилард на почетокот на третиот период.

Леброн Џејмс го предводеше својот тим со 30 поени, 6 скока и 10 асистенции, по 18 поени постигнаа Ентони Дејвис и Кајл Кузма. Најдобар кај Портланд со 20 поени беше Јусуф Нуркиќ.

Оклахома Тандер славеа над Хјустон 117:114. Тандер се вратија во игра за пласман во полу-финалето откако беа поразени во првите два натпревари. Хјустон на овој натпревар шутнаа 58 пати за три поени што е нов НБА рекорд.

Џејмс Харден забележа 32 поени, 8 скока, 15 асистенции, Ерик Гордон постигна 23, а Даниел Хаус 21 поен.

Кај победниците се истакнаа Денис Шрудер со 30 и Крис Пол со 26 поени.



> Лејкерс го „згазија“ Портланд, Оклахома израмнија против Хјустон <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН