Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Двајт Хауард изјави дека ќе игра во продолжението од сезоната кон крајот на месецов, во Орландо.
Тој во повеќе наврати велеше дека не е сигурен дали ќе и се приклучи на екипата поради околностите до кои дојде прекинот на сезоната во НБА лигата. Хауард е еден од најгласните заговорници за расната еднаквост која во САД се покрена по смртта на Џорџ Флојд.
„Чувствувам дека имам голема можност, како и Лејкерси да ја освоиме титулата сезонава. Да, ќе и се приклучам на екипата во Орландо, но за тоа време ќе започнеме голеа работа овде во Атланта и во цела држава за да им гарантираме на луѓето да не заборават на нас и на тоа што се случува во нашите заедници“ – рече Хауард во интервју за „СНН“.
Продолжението на регуларниот дел од сезоната во кој секоја екипа ќе одигра по 8 меча почнува на 30 јули со дербито ЛА Лејкерс-ЛА Клиперс.