Утрински Весник
Магазин

Лејди Гага блеска во рекламна кампања за новиот парфем на „Валентино“

Лејди Гага блеска во рекламна кампања за новиот парфем на „Валентино“

Лејди Гага зрачи со чиста елеганција додека го слави лансирањето на Voce Viva, новиот парфем на италијанскиот моден бренд „Валентино“, во рекламна кампања на интернет.

Музичарката и актерка (34) едноставно блеска додека е во центарот на вниманието и го промовира новиот парфем на Инстаграм.

„Мирис што го слави твојот глас“, гласи еден наслов на објава на платинесто русокосата дива на Хроматика.

Во потрага по природната убавина, фотографиите на кои е речиси без никаква шминка, Гага  ја истакнува својата мазна кожа, добро дефинирани веѓи и допир од роза на усните што ѝ одговара на облеката.

Да биде заштитно лице на новиот мирис на „Валентино“ не е единствениот нов потфат на Лејди Гага, чие вистинско име е Стефани Џоана Анџелина Германота.

Гага, наводно, ќе глуми со Бред Пит во претстојниот трилер-акција Bullet Train, базиран на јапонски роман. Иако веста не е официјално потврдена, американските медиуми пишуваат дека пејачката може да го следи успехот на „Sвездата е родена“ (2018), кој ѝ донесе номинација за „Оскар“ за најдобра актерка.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста