Утрински Весник
Македонија

Лефков: Да се објави список на лица кои досега примиле вакцини против Ковид-19

Лефков Да се објави список на лица кои досега примиле
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е загрижена поради информациите во јавноста дека и малиот број обезбедени вакцини се злоупотребуваат, посочи претставникот на опозициската партија, Миле Лефков, на денешната прес-конференција во Собранието.

Како што рече тој, се погласни се шпеклуациите во јавноста дека се вакцинирани лица кои не биле први на ред согласно Националниот план за вакцинација.

„Земајќи ги предвид надлежностите на Комисијата за здравство во Собранието, надлежна за здравствената заштита на населението и заштитата на населението од заразни болести, инсистираме претседателот на Комисијата, Арбен Зибер, во најбрз рок да побара од Министерството за здравство информација со список на лица кои до овој момент примиле вакцини против Ковид-19“, порача Лефков.

Според него, само со објавување на податоците ќе се отстранат сите сомнежи во јавноста во чувстителен период кој, како што кажа, државата го минува крајно неподготвено поради неспособноста на надлежните во Владата.

Можете да прочитате

СДСМ: „Во Македонија – Резолуција. Во Третиот рајх – Декрет. Има ли разлика?“

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово