Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Лекот „хлорокин“ (chloroquine) ставен на листата за укинување на царинската давачка

Лекот „хлорокин“ (chloroquine) ставен на листата за укинување на царинската давачка
Img 7972

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Дополнување на Одлуката за укинување на увозната давачка – царинската стапка за потрошен медицински материјал и за лекот „хлорокин“ (chloroquine), донесе Владата на денешната 29-та седница.
-Во насока на обезбедување сеопфатен и координиран пристап во идентификување и пренасочување на достапната билатерална помош за активностите за спречување на КОВИД-19, на оваа седница Владата ги задолжи сите органи на државната управа кои добиваат помош од билатерални донатори итно да го известат Секретаријатот за европски прашања за висината на средствата кои стојат на располагање за секој од проектите. СЕП потоа, ќе достави формално барање до билатералните донатори за пренамена на средствата за справување со КОВИД-19, согласно утврдените приоритетни потреби, се наведува во соопштението од владината прес-служба. дма/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бесправно изградил куќа на брегот на Дебарското езеро, МВР му поднесе пијава

Почина Панчо од ДНК – 24info.mk

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката Пулс платила 40.000 евра