Утрински Весник
Македонија

Лекот Ивермектин од денеска e достапен во аптеките по цена од 299 денари

Лекот Ивермектин од денеска e достапен во аптеките по цена од 299 денари

Министерството за здравство ја информира јавноста дека лекот „Ивермектин“ од денеска е достапен за граѓаните во аптеките. Лекот ERMETIN (ivermectin) таблета 3 mg x 10 во пакување, на производителот World Medicine Ilac San.Ve.Tic. од Турција во аптеките по одобрена малопродажна цена изнесува 299 денари.

Овој лек може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или лекар специјалист. Истиот може да се употребува во домашно и болничко лекување, и да се земе превентивно, исклучиво со лекарска препорака, доколку лице било во контакт со ковид позитивен.

Повеќе клинички студии кои ја евалуираат ефикасноста на ивермектин кај пациенти со Ковид-19 се во тек и/или нивните крајни резултати се уште не се публикувани во научни списанија, но прелиминарните резултати сугерираат дека ивермектин има поволен ефект во профилакса на Ковид-19 кај експонирани лица, како и во терапија на пациенти со лесна, средно-тешка и тешка клиничка слика.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

Нов топол бран од Африка ќе ја зафати нашата Македонија!

Утрово голема полициска акција во Липково, Куманово и Желино – претреси поради финансиски криминал