Утрински Весник
Спорт

Леклер победник на виртуелното Гран-при во Формула 1

Леклер со пол-позиција во Австрија

Лондон, 6 април 2020 (МИА) – Пилотот Ферари, Шарл Леклер го освои второто виртуелно Гран-при во историјата на Формула 1 одржано викендот. Возачот од Монако започна од пол-позицијата, ја зголеми предноста поради грешките на конкурентите и беше во водство од почеток до крај.

Второто место го освои пилотот на младинскиот погон во Рено, Кристијан Лундгор, кој оваа сезона треба да дебитира во Формула 2.

Трет трката ја заврши возачот на Вилијамс, Џорџ Расел.

Пилотот на Мекларен, Ландо Норис, не можеше да учествува во трката поради проблеми со врската. Британецот доживеа слични потешкотии за време на виртуелното Гран-при на Бахреин, што не го спречи да се поврзе во втората половина на трката и да се натпреварува за високи места.

Трката го замени Гран при на Виетнам, што требаше да се одржи овој викенд, но се одвиваше на виртуелната патека во Мелбурн, бидејќи трката Ханој не е претставено во играта Ф1 2019. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо