Утрински Весник
Спорт

Леклер на пол-позиција на Ф1 трката во Мелбурн

Леклер на пол-позиција на Ф1 трката во Мелбурн

Лидерот во генералниот поредок, пилотот на Ферари, Шарл Леклер ќе тргне од најдобрата стартна позиција на утрешната трка за големата награда на Австралија во Мелбурн откако оствари најдобар резултат на официјалниот тренинг.

Со него во првиот стартен ред ќе биде возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен кој имаше второ квалификациско време.

Трет резултат постигна Серхио Перез, а вториот ред ќе го пополни Ландо Норис.

Луис Хамилтон имаше петти резултат во квалификациите. Трката утре наутро ќе се вози во 8 часот по средноевропско време.

> Леклер на пол-позиција на Ф1 трката во Мелбурн <

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет