Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Леклер и Саинц ќе имаат еднаков статус

Леклер и Саинц ќе имаат еднаков статус
300x250 opst2

Скудерија Ферари потврди дека и наредната сезона, возачите Шарл Леклер и Карлос Саинц ќе имаат ист статус во тимот.

Ферари, 2021 гдина, ја завршија на третото место. Пред нив беа Мерцедес и Ред Бул. Скудерија се надева дека поуспешни ќе бидат во 2022 поради што и порано ги започнаа подготовките.

Шефот на тимот, Матија Биното, повторни дека возачите ќе имаат еднаков статус. Евентуални промени можат да бидат условени со резултатите на едниот или другиот возач.

„Патеката е таа која одлучува. Приоритет секогаш ќе биде тимот, тука нема простор за дискусија. Доколку бидат во ситуација да се борат за важно место во шампионатот, тогаш е јасно. Резултатите сами ќе си ја донесат одлуката. Некогаш не станува збор само за талентот или потенцијалот на возачот. Мислам дека немаме потреба да имаме прв и втор возач. Доколку има потреба ќе ја отвориме таа тема“, рекол Биното.

> Леклер и Саинц ќе имаат еднаков статус <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН