Утрински Весник
Свет

Лекар од Арканзас отпишал 650.000 долари долг на пациенти болни од рак

Лекар од Арканзас отпишал 650.000 долари долг на пациенти болни од рак

Добродушен лекар од Арканзас им отпишал 650.000 долари долг на пациенти болни од рак.

Д-р Омар Атик испратил честитки за празниците на адресите на околу 200 пациенти болни од рак, пишувајќи дека им се простени долговите во неговиот центар за третман на карцином, пишува „Арканзас демократ газета“.

Центарот работел околу 20 години, но морал да се затвори во февруари 2020 година поради недостиг на персонал.

„Клиниката се откажува од сè што нејзините пациенти должат. Мислевме дека нема подобро време за тоа од празниците“, се вели во соопштението.

Но, не биле сите изненадени од гестот.

„Да го знаевте д-р Атика, оваа одлука немаше да биде толку чудна. Тој е еден од најпаметните лекари што некогаш сум ги сретнал, но исто така е и еден од најчувствителните“, изјавил Дејвид Ротен, извршен потпретседател на медицинското друштво во Арканзас.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка